На настанот беше посочено дека иницијативата е од исклучителна важност за заедницата и дека дипломатската заедница заеднички придонесува кон создавање на подобри и подостојни услови за развој на децата.
Голем број амбасади имаа свои штандови, каде што посетителите можеа да ги пробаат традиционалните јадења од различни земји, како и да купат автентични подароци, ракотворби, приврзоци и други уникатни предмети. Меѓу учесниците беа амбасадите на Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Јапонија, Кина, како и Делегацијата на Европската Унија и Институтот „Конфучие“.

За децата беше подготвена и специјална детска музичка програма, а гостите имаа можност да купат билети од 200 денари и да учествуваат во наградна игра со вредни подароци, меѓу кои авионска карта за Истанбул со Turkish Airlines, престој во луксузна соба во хотел „Ликам“ со масажа и вечера со свеќи за двајца, 3D принтер, дизајнерски часовник од македонско-австриски бренд и други изненадувања.
Настанот беше збогатен и со музички точки, каде изведувачи претставија македонски традиционални ора и танци.






