Одговарајќи на пратенички прашање од пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ, заменик-министерот рече дека оваа мерка не ја засега само нашата земја, туку сите земји кандидати од Западен Балкан.
„Заедно со нашите партнери од Западен Балкан се организиравме како влади подолг период во Брисел да вршиме притисок да дојде до промена на овие мерки и, конечно, на 11 февруари дојде до формирање на таа група и изнесени се 50-ина мерки, сè уште нема разбирање од земјите членки во овој контекст, но тоа не значи дека работата е завршена“, рече Димитровски.
Рече дека овие мерки не ги засегаат само државите кандидати, туку и земјите членки, од кои некои, како што рече, реагирале на овие мерки.






