Димитровски се осврна на градскиот превоз, нагласувајќи дека јавниот превоз не го следи развојот на Скопје и потребите на скопјани и додаде дека целта е да се создаде брз и современ градски превоз во служба на граѓаните.
„Секое утро илјадници заглавуваат во хаос, превозот не е во служба на граѓаните. Затоа, целта е јасна – нов концепт на јавен превоз, флота на чисти, нови, климатизирани автобуси, почести ротации и дигитализиран, предвидлив систем, повеќе правци и линии кон секој дел од градот“, нагласи Димитровски.
Тој истакна дека граѓаните заслужуваат да живеат достоинствено, со нови проекти, со реални решенија и конкретни чекори што ќе го подобрат секојдневието на сите граѓани.
„Ова не се само зборови на хартија – ова се нашите работни задачи!“, рече меѓу другото Димитровски.






