петок, 19 декември 2025

Димитровски од МАСИТ: Иднината на економијата на Западен Балкан е дигитална и поврзана со европскиот пазар

Претседателот на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, Јордан Димитровски, денеска на регионалната конференција „Western Balkans Digital Summit 2025“ во Скопје, посветена на дигиталната трансформација и интеграцијата на Западен Балкан во eдинствениот дигитален пазар на Европската Унија, организирана од Министерството за дигитална трансформација ја отвори дискусијата за бариерите и можностите со кои се соочуваат стартапите, малите и средните компании од регионот, со цел нивно побрзо приближување до европските дигитални текови.

Објавено на

часот

Сподели

„Единствениот дигитален пазар на ЕУ претставува најдинамично и најперспективно економско подрачје во светот. За нашите компании тој не е само можност – туку и крајна дестинација за раст и развој“, истакнал Димитровски како панелист и модератор.

Панел-дискусијата се фокусирала на четири клучни аспекти за развој на дигиталната економија во регионот: олеснување на пристапот до пазарот и надминување на регулаторните бариери, усогласување со европските стандарди и регулативи, унапредување на прекуграничната дигитална трговија и проток на податоци и пристап до финансирање и нови извори на капитал.

„Заклучоците од дебатата беа јасни: иднината на економијата на Западен Балкан е дигитална и таа иднина е нераскинливо поврзана со европскиот пазар“, стои во соопштението од МАСИТ.

МАСИТ, како водечка платформа на ИКТ-секторот во земјава, останува посветен да го предводи процесот на дигитална трансформација и да обезбеди подобри услови за раст и интернационализација на компаниите од регионот.

„Само преку соработка, визија и забрзани реформи можеме да ја изградиме нашата позиција како рамноправен и конкурентен дел од европската дигитална економија“, наведуваат од МАСИТ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ