понеделник, 8 декември 2025
Локални избори 2025

Димитриевски ветува нови градинки, паркови и капитални инвестиции за Куманово

Кандидатот за трет градоначалнички мандат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ – За наша Македонија, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, порача дека ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните, истакнувајќи дека општината денес е финансиски најстабилна во државата.

Објавено на

часот

Сподели

„За осум години реализиравме над 800 проекти, а Куманово од трета најзадолжена општина, денеска е финансиски најстабилна. Ја знам оваа работа и сакам да продолжам да ја работам за доброто на мои кумановчани“, вели Димитриевски.

Тој најави реализација на голем број капитални проекти во централното градско подрачје и приградските населби, меѓу кои нови спортски сали, реконструкција на спортската сала и Соколаната, како и уредување на парковите.

„Во претходниот мандат изградивме 19 спортски игралишта и четири спортски сали. Се работи на историска реконструкција на спортската сала уништувана 40 години, а Куманово денес има можност да аплицира за средства од Владата и да реализира 27 сериозни инфраструктурни проекти“, најавува Димитриевски.

Како приоритет го најави и решавањето на проблемот со недостиг на детски градинки, најавувајќи изградба на три нови објекти со финансиска поддршка од државата.

„Веќе се обезбедени три милиони евра за нова градинка во населбата Гоце Делчев, со капацитет за 800 деца. Следната година ќе аплицираме за градинка во населбата Бајрам Шабани, а во 2027 година и за трета во населбата Карпош“, истакна тој.

Во одговор на кандидатот на СДСМ, Мартин Костовски, кој Куманово го нарече „касаба“, Димитриевски порача:
„Куманово ниту бил, ниту ќе биде касаба. Градот заслужува и ќе добие модерен лик. Вие управувавте со општината со децении и токму поради тоа стагнираше.“

Димитриевски најави и продолжување на мерката за бесплатен јавен превоз, кој дневно го користат околу 16.000 граѓани, како и нови паркови, расчистување диви депонии и подобрување на сообраќајните решенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ