Осврнувајќи се на досегашното делување на СДСМ, Димитриевски ја оцени нивната политичка стратегија како штетна за државата и македонските национални интереси.
„Нема резолуција што ќе ја избрише вистината – СДСМ кога беше на власт ги газеше националните интереси и го распродаваше македонскиот идентитет. Денес, во очај, нудат лажен патриотизам и евтини трикови. Народот нема да заборави дека токму тие ги отворија вратите за уставни измени без гаранции и молчеа кога Македонија ја понижуваа. Поединците кои учествувале во штетни политики мора да сносат одговорност, порача лидерот, истакнувајќи дека минатото не смее да се повтори“, кажа Димитриевски.
Во контекст на ова, Димитриевски упати директна порака до претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Злосторникот повторно се враќа на местото на злосторот“, рече Димитриевски, нагласувајќи дека оние кои со своите постапки нанеле штета на државата и граѓаните мора да бидат повикани на одговорност – политичка, но и правна.
„Тој што го креирал проблемот, не може да биде дел од решението на истиот.“
Димитриевски не го заборави ниту лидерот на ДУИ, Али Ахмети, реагирајќи на неговите неодамнешни изјави кои, според него, претставуваат обид за нарушување на територијалниот интегритет на Македонија.
„Ако Али Ахмети навистина сака — нека си оди од државата. Но прво да ги врати криминалците под негова заштита и нека ги стави на обвинителна клупа“, рече Димитриевски.
Дополнително, Димитриевски нагласи дека секоја намера за поделба на државата е апсолутно недозволива и нема да се толерира.
„Се додека има Македонци, нема да дозволиме нашата држава да се подели. Македонија е неприкосновена и секоја обид за нејзино раздвојување ќе се спречи“, кажа Димитриевски.
Тој потсети на принципите и долгорочната стратегија на Движењето ЗНАМ, нагласувајќи дека Платформата за национално единство и црвените линии кои треба да ја штитат македонската држава, јазик и идентитет.
„За разлика од СДСМ, кои ја користат државата како пазар за ситни поени, ние цврсто кажавме – Македонија е неприкосновена, македонскиот јазик е неприкосновен, нашиот идентитет е неприкосновен“, нагласи Димитриевски.
Во пресрет на локалните избори, Димитриевски го истакна континуитетот на својот личен ангажман и конкретните резултати кои ги постигнал во Куманово, што според него е најдобар пример како чесната и стратешки планирана политика може да го подобри животот на граѓаните:
„Куманово се претвори во симбол на развој и континуитет. Овој пример покажува дека стратешки планирана и посветена политика може да го подобри животот на граѓаните“, кажа Димитриевски.
На крајот, Димитриевски ја потенцираше долгорочната визија на ЗНАМ.
„ЗНАМ не е минлива појава, туку државотворна сила која ќе ги брани независноста, идентитетот и националните интереси на Македонија“, рече Димитриевски.






