понеделник, 8 декември 2025

Димитриевски: Младите се иднината на Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за новиот канал на младите на ЗНАМ, одржан во рамки на летниот камп во Струга, го нагласи значењето на младите во политичкиот живот на земјата.

 

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски истакна дека младите се носители на нова енергија, креативност и визија, и дека нивното активно учество е клучно за креирањето на иднината на Македонија.

„Наша цел е да ги поддржиме младите, да ги направиме одважни и да бидат двигатели на одлуките во нашата политичка партија“, рече тој.

Тој ги повика младите да бидат истрајни, храбри и подготвени да преземат одговорност.

„Фасциниран сум од бројот на млади кои се заинтересирани да ни се придружат и да ги споделат своите идеи. Иднината на државата не може да се креира без нив. Тие се иднината на Македонија“, потенцираше Димитриевски.

Претседателот на ЗНАМ додаде дека младите мора да бидат иновативни, креативни и активно вклучени во политичкиот живот, истакнувајќи дека движењето има за цел да создаде нови визионери и интелектуалци.

„Токму младите се најголемиот капитал на државата и тие не смеат да бидат набљудувачи, туку креатори на политиката и иднината на Македонија“, заклучи Димитриевски.

Движењето ЗНАМ ги повикува сите млади да се приклучат, да ја обликуваат иднината и да придонесат за изградба на Македонија која сите ја заслужуваме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ