четврток, 25 декември 2025

Димитриевски доби јавна поддршка од Вреди за вториот круг за градоначалник на Куманово

Актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Куманово од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски преку својот профил на фејсбук соопшти дека се сретнал со претставници на Коалиција Вреди од кои, како што вели, добил поддршка за вториот круг од локалните избори.

Објавено на

часот

Сподели

„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово“, напиша Димитриевски.

Тој се заблагодари на сите кои, како што посочува, ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија.

„Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши кумановчани“, напиша Димитриевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ