„Се уплашија од ЗНАМ? И треба да се плашат, затоа што секој ден сè поголем и поголем број на граѓани, но и поголем број на сега веќе поранешни членови на Социјалдемократскиот сојуз сега се во ЗНАМ. И го слушам Филипче како ги повикува да се врателе. А бе, Венко, каде да се вратат кај тебе? Ти си СДСМ? Ти си истиот кој промени низа влади и слугуваше на секој. Ти којшто си полн со криминали и корупција, безброј – стотици и стотици афери, коишто ти и таквите како тебе, таа некогаш државотворна партија ја доведовте на ова дереџе. Каде ги покануваш? Каде да се вратат, каде ќе ги носиш – во твоите станови? Па и самиот не знае колку ги има? Ќе ги носи во Дубаи, со парите што ги изнесоа, со инвестициите што ги прави таму? Или ќе ги носи во онаа, за жал веќе празна зграда којашто некогаш беше толку достоинствена и преполна со честит и чесен народ? Ама денеска ЗНАМ е тука, за сите тие луѓе!“, му порача Максим Димитриевски на Венко Филипче.