„Со одговорно управување, дисциплинирана фискална политика и контрола на јавната потрошувачка, успеавме да ги стабилизираме јавните финансии. Го задржавме дефицитот под контрола, ја зачувавме ликвидноста на буџетот и ја зајакнавме довербата во финансискиот систем.
Паралелно, инвестиравме одговорно – во здравството, образованието, инфраструктурата и капитални проекти што ја зајакнуваат економијата и го штитат животниот стандард на граѓаните. Овие резултати не се случајни. Тие се плод на јасна визија, на тешки, но неопходни одлуки и на заедничка посветеност кон стабилноста и одржливоста. Годината што доаѓа ја пречекуваме со поголема сигурност. Следната година ќе биде поодржлива и поостабилна – со продолжување на фискалната консолидација, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции. Нашата цел е стабилни јавни финансии што ќе бидат основа за подобар животен стандард и предвидлива иднина.
Верувам дека со одговорност, солидарност и заедничка работа, ќе продолжиме да градиме економија што е силна, отпорна и во служба на граѓаните.
Денес можам уверено да кажам: Македонија влегува во новата година постабилна, поорганизирана и со значително посилни темели отколку на почетокот на оваа година. Финансискиот сектор останува ликвиден и стабилен, а довербата на меѓународните партнери ја потврдува исправноста на насоката по која се движиме. Во годината што доаѓа ќе продолжиме со иста решителност– со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за инвестиции и развој“, рече Кочоска и вети дека ќе продолжи да работи посветено, одговорно за стабилна Македонија.
Димитриеска-Кочоска: Во 2026 влегуваме постабилни, поорганизирани и со значително посилни темели
Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните финансии и заштита на економската сигурност на државата и на граѓаните. Во 2026 година продолжуваме со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето новогодишно обраќање.

Објавено на
часот





