вторник, 15 јули 2025

Димитриеска Кочоска – Славески: Соработка меѓу фискалната и монетарната власт за обезбедување предвидлива економска средина

Тековната макроекономска стабилност е приоритет што треба и понатаму да се одржува и унапредува преку добро усогласени и координирани политики, констатираа на денешната средба министерката за финансии. Гордана Димитриеска-Кочоска и новоизбраниот гувернер на Народната банка, Трајко Славески.

Објавено на

часот

Сподели

Димитриеска-Кочоска и Славески, како што информира Министерството за финансии (МФ), разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба за продолжување и натамошно зајакнување на координацијата меѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и на стопанството.

Беше истакната и важноста од блиската соработка помеѓу фискалната и монетарната власт за обезбедување предвидлива економска средина, како основен предуслов за побрз економски раст. Дополнително, беше нагласено и значењето на координираниот пристап меѓу сите финансиски регулатори во земјата, за да се овозможи понатамошен развој на стабилен, конкурентен и инклузивен финансиски систем, отпорен на надворешни шокови и во функција на долгорочен економски напредок.

„Министерката Димитриеска-Кочоска и гувернерот Славески изразија подготвеност за континуирана институционална комуникација и соработка, со цел ефикасно справување со тековните и идните економски предизвици“, наведува МФ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ