Како што изјави за медиумите, клучните проекции, БДП и инфлацијата, остануваат исти.
„Генерално, остануваме на истите бројки кои ги имавме од аспект на бруто домашен производ инфлација, истакна Димитриоска Кочоска, по презентацијата на Договорот за финансирање на заедничките активности, што ја организираа Министерството за финансии (МФ) и Канцеларијата на ООН во Скопје.
Во однос на цената на горивата, Димитриоска Кочоска рече дека тие се берзански производ, „на кој не можеме да имаме апсолутно никакво влијание“. Како што напомена министерката за финансии, Владата ќе ја следи ситуацијата, а засега цените не се премногу високи.
„Ќе следиме што се случува. Сме имале години кога сме имале многу високи цени, сега немаме премногу висока цена на горивата, но да видиме што ќе се случува. На берзанските производи Владата не може да има влијание, зашто станува збор за цени кои се формираат на светските берзи“, нагласи министерката.
Во врска со планот за мерки што го најави премиерот пред два дена, Димитриоска Кочоска истакна дека би оставила Владата да информира кога ќе има нешто официјално.
„Министерството за финансии не е одговорно во овој дел, си има одговорни министерства. Ова се производи од енергетика, тука е Министерството за економија и труд, да ги оставиме да ги сработат, а потоа како Влада ќе излеземе со став по ова прашање“, објасни министерката.
Денеска, Регулаторната комисија објави нова цени на горивата, зголемени за 1 до 1,5 денар по литар.