среда, 7 мај 2025

Димитриеска-Кочоска: Поддршка на Владата за сите кои сакаат да работат во Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која е во работна посета на САД, оствари средба со претставници на македонската бизнис заедница во Чикаго.

 

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што објави Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил, истакнала дека економијата е приоритет на Владата и дека поддршката е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија, како кон домашните, така кон странските инвестиции, како и кон иселениците кои сакаат да инвестираат во својата татковина.

„Успешни бизнис приказни на наши иселеници во Чикаго. На средба со дел од Македонците кои основале и имаат сопствен бизнис во Чикаго ги слушнав нивните искуства за водење бизнис во таа средина, а некои имаа интерес за условите коишто ги создаваме тука во Македонија за водење бизнис. Економијата е наш приоритет за кој говорев на средбите и дека поддршката од Владата е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија. Како поддршката кон домашните компании, така кон странските инвеститори, така и кон нашите иселеници кои сакаат да инвестираат во својата татковина“, стои во објавата на министерката на нејзиниот фејсбук-профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ