понеделник, 12 мај 2025

Димитриеска Кочоска од Вашингтон: Кризата со царините, може да биде шанса за раст на македонската економија од 3,7 отсто

Проектираниот раст на економијата на земјава од 3,7 проценти е реален, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, која престојува во Вашингтон, каде учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа криза која дава голема неизвесност ние како држава може многу да ја искористиме, во смисла на префрлање на капацитетите од европските земји. Капацитетите во европските земји ќе се затвораат и понатаму, затоа што царините значат повисоки набавни цени и на тој начин европскиот пазар ќе бара алтернативи за отворање капацитети онаму каде што ќе имаат на некој начин поевтина работна сила. Иако во земјава веќе не е евтина работната сила, но е сепак на пониско ниво од европската. Оттука мислам дека проекцијата од 3,7 проценти е реална“, рече министерката за финансии во изјава за македонските медиуми по објавување на Глобалниот извештај на ММФ.

Таа потенцира дека она на што Владата е посветена и она што го бара ММФ е фискална консолидација, но дека работите не можат преку ноќ да се сменат и дека ќе треба уште време.

Министерката за финансии од денеска до 26-ти овој месец учествува на Пролетните средби на групацијата на ММФ и Светска банка, каде ќе оствари средби со високи претставници на овие две меѓународни финансиски институции, како и со претставници на Трезорот на САД.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ