Како што вечерва соопшти Министерството за финансии, во обраќањето, министерката нагласила дека институционалниот развој не е дополнување на реформите, туку нивна основа.
Таа истакнала дека јавните институции мора да бидат стратешки ориентирани, да дејствуваат со интегритет и да реагираат агилно на предизвиците, особено во управувањето со јавните финансии.
„Нашата способност да спроведеме реформи, не зависи само од стратегии и акциски планови, туку од капацитетот и отпорноста на институциите што ги спроведуваат тие промени“, посочила Димитриеска – Кочоска.
Затоа, како што потенцирала Димитриеска – Кочоска, Министерството за финансии го постави институционалниот развој во сржта на својата реформска стратегија со формирањето на Академијата за јавни финансии што е доказ за таа посветеност.
„Академијата не е само центар за обука, туку двигател за градење компетенции и трајна култура на учење“, додала таа.
На форумот, Димитриеска – Кочоска ја истакнала и важноста на регионалниот дијалог и заедничкото учење, при што упатила благодарност до меѓународните партнери за нивната поддршка преку техничка помош, советување и програми за градење капацитети.
„Министерката упати и посебна благодарност до Управниот одбор на ЦЕФ за довербата и лидерството, по повод преземањето на претседателството со Управниот одбор од страна на Република Македонија“, се нагласува во соопштението на Министерството за финансии.