Во своето обраќање министерката истакна дека младите луѓе се идни носители на промени во јавниот сектор и дека нивната улога е клучна за градење поефикасни, потранспарентни и модерни институции.
„Вие сте носители на нови идеи, енергија и визија. Вашата улога во градењето на поефикасни и потранспарентни институции е од суштинско значење за иднината на сите наши земји“, порача министерката.
Во однос на регионалната димензија, таа потсети дека Македонија е активен член и претседавач со Управниот одбор на ЦЕФ – Центарот за извонредност во финансиите, преку кој се спроведува и програмата WeLead, истакнувајќи дека „националниот напредок и регионалната соработка одат рака под рака“.
На крај, министерката ги охрабри младите учесници да бидат храбри во промовирањето нови идеи, да ја негуваат отчетноста и транспарентноста и да ја искористат посетата за размена на искуства и создавање на нови партнерства.






