сабота, 12 јули 2025

Димитриеска – Кочоска: Мора да ослободиме средства од буџетот за одбраната, за да ги испорачаме новите обврски спрема НАТО

Неспорно е дека голем предизвик ќе биде да се одвојуваат пет проценти од БДП за одбраната, но ние сме членка на НАТО и имаме обврски кои треба да ги испорачаме. Добро е што има период на прилагодување, изјави вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во однос на новата обврска за земјите-членки на НАТО да наменат 5 отсто од БДП за одбрана.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние ќе мора да ги испорачаме овие обврски. Добро е што има период на прилагодување кога ќе треба на направиме реструктуирање на буџетот и да ослободиме средства од буџетот за одбраната. Неспорно тоа е голем предизвик, но ние сме членка на НАТО и имаме обврски кои треба да ги испорачаме“, рече Димитриеска-Кочоска во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма.

Земјите членки на НАТО вчера на самитот во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ