четврток, 19 февруари 2026

Дилема на секој родител: Како да го изберете идеалниот телефон за вашето дете (без да банкротирате)?

Секој родител порано или подоцна се соочува со истиот предизвик: вашето дете или тинејџер „нужно“ има потреба од нов телефон. За нив, тоа е влез во светот на социјалните мрежи, гејмингот и пријателите. За вас, тоа е инвестиција која треба да биде паметна, безбедна и пред сè, издржлива.

Објавено на

часот

Сподели

Тука на сцена стапуваат Samsung Galaxy A56 5G и Samsung Galaxy A36 5G – телефони кои се доволно „кул“ за тинејџерите, а доволно разумни за семејниот буџет. Еве зошто ова е „џокерот“ кој ќе ги задоволи сите страни во домот.

Камера која ги претвора во „инфлуенсери“ (а вас во горди родители)

Тинејџерите денес не зборуваат со зборови, туку со слики. Galaxy A серијата носи камери кои прават чуда, дури и ако вашето дете нема поим од фотографија. Со напредната стабилизација, нивните видеа за TikTok ќе бидат остри, а фотографиите од екскурзиите полни со бои. Најдобриот дел? Благодарение на одличните леќи, конечно ќе добиете убави семејни фотографии каде што сите се во фокус.

Издржливост и долговечност: Gorilla Glass и 6 години надградби

Бидејќи знаеме дека телефоните кај младите често се изложени на падови, Samsung кај оваа серија вклучува Corning® Gorilla® Glass заштита, што го прави екранот екстремно отпорен на гребење и случајни удари. Но, издржливоста не е само физичка. Со 6 години безбедносни ажурирања и надградби на оперативниот систем, овој телефон ќе остане модерен и брз низ целото нивно школување. Ова е инвестиција која навистина трае.

SmartThings: Вашата десна рака во родителството

Паметниот дом не е само за возрасните. Преку апликацијата SmartThings, нивниот нов телефон станува дел од семејниот екосистем:

  • „Мамо, каде ми се слушалките?“: Ако вашето дете често ги заборава своите Galaxy Buds, преку SmartThings Find можете да ги лоцирате за секунда.
  • Контрола на времето: Можете лесно да поставите дигитални граници, да гледате колку време поминуваат на одредени апликации и да се погрижите нивниот дигитален живот да биде во рамнотежа со училишните обврски.

Безбедност на која можете да ѝ верувате

Додека тинејџерите се грижат за филтри, родителите се грижат за безбедноста на податоците. Со Samsung Knox заштитата која е вградена во самата срж на Galaxy A серијата, приватните информации, лозинките и фотографиите на вашето дете се заштитени од вируси и злонамерни напади. Тоа е мирна совест која нема цена.

Батерија која го издржува нивното темпо

Нема ништо пострашно од „недостапен“ тинејџер затоа што му се испразнила батеријата. Galaxy A телефоните се познати по издржливоста на нивната батеријата, што значи дека секогаш ќе имаат доволно „батерија“ за да ви се јават кога ќе завршат со тренинг или часови.

„Пробно возење“ со Try Galaxy

Ако вашето дете моментално користи друг уред и мисли дека нема да се снајде со Samsung, тука е Try Galaxy. Тоа е иновативна алатка која ви овозможува да го инсталирате „искуството“ на нивниот сегашен телефон. Нека го тестираат менито, AI функциите и прегледноста. Ќе сфатат колку е лесно и забавно уште пред да го отпакувате новиот уред. Бонус – сигурни сме дека штом ги пробаат Galaxy AI карактеристиките и функционалностите, ќе бидат во исчекување да го тестираат нивниот нов Galaxy A уред.

Поглед кон иднината: Најновите Galaxy иновации пристигнуваат наскоро!

Додека семејните потреби се ваш приоритет денес, Samsung веќе ја подготвува следната голема технолошка револуција која ќе го промени начинот на кој сите ние комуницираме и создаваме. Претстојниот Galaxy Unpacked на 25 февруари ќе ги открие најновите достигнувања во областа на вештачката интелигенција и мобилниот дизајн, носејќи решенија кои ја прават секојдневната работа (и учење!) уште поедноставна. Доколку размислувате за уште помоќен уред за себе или како награда за одличниот успех на вашето дете, ова е вистинскиот момент.

Зошто да се регистрирате веднаш? Сите кои ќе се регистрираат на официјалната страна samsung.com/mk/unpacked пред 25 февруари, не само што ќе бидат меѓу првите што ќе ги видат новитетите, туку си обезбедуваат и специјален ПОДАРОК: Samsung магнетен безжичен полнач од 25W при купување на некој од новите Galaxy уреди.

Изборот на телефон за децата (и за вас) не мора да биде стресен процес. Со Galaxy уредите, им давате врвна технологија, а на себе си давате мир и контрола. Бидете родители кои разбираат технологија, а не само оние кои ја плаќаат сметката!

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ