Како што беше нагласено на денешната 135-та седница на ДИК, од понеделник започнува обуката на избирачките одбори за изборите за што беше усвоен план за работа.
На седницата се донесени шест обрасци за работата на општинските изборни комисии. Членовите на комисијата ги прифатија барањата за набљудување на изборите и тоа за 24 лица од ОДИХР, како и за пет лица предложени од Агролидер Кривогаштани. На седницата исто така беа прифатени 24 барања за изземање на членови на ОИК, а потоа беше извршен случаен избор.






