недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

ДИК: Навреме затворени сите избирачки места, излезеноста 45,71 отсто

Од вкупно 97,60 проценти обработени избирачки места, излезноста изнесува 45,71 процент на ниво на цела држава или гласале вкупно 325 691 граѓани, од вкупно 1.013.357 запишани во избирачкиот список. За Град Скопје одѕивот до 18:30 часот изнесува 33,82 проценти.

 

Објавено на

часот

Сподели

ДИК информира дека точно во 19:00 часот, согласно Изборниот закон, навреме се затворени сите избирачки места каде што имаше гласање во вториот круг на Локалните избори 2025 година. Гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, изборите беа спроведени согласно Изборниот закон и на сите граѓани им беше овозможено правото на глас, информира претседателот на ДИК Борис Кондарко.

Од вкупно 97,60 проценти обработени избирачки места, излезеноста изнесува 45,71 процент на ниво на цела држава или гласале вкупно 325. 691 граѓани, од вкупно 1.013.357 запишани во избирачкиот список. За Град Скопје одѕивот до 18:30 часот изнесува 33,82 проценти.

„Од 19 часот избирачките одбори пристапуваат кон отворање на гласачките кутии и броење на гласачките ливчиња. Конечната излезеност ќе се знае по 23:00 часот кога ќе биде одржана последната прес-конфернеција за соопштување на целосните првични неофицијални резултати, добиени по електронски пат од секое избирачко место“, информира Кондарко.

ДИК, како што рече Кондарко, со неколку свои тимови овластени лица од ДИК ќе го набљудува непосредно броењето на резултатите и составувањето на записниците во повеќе избирачки места во различни општини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ