недела, 11 јануари 2026

ДИК: До 18,30 одѕивот на повторените локални избори во 4 општини е 28,07 отсто

До 18:30 часот на повторните локални избори гласале 35.984 лица или 28,07 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според првите неофицијални резултати во општините Врапчиште и Гостивар во предност се кандидатите на ДУИ, а во Маврово и Ростуше кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Во општина Врапчиште гласале 8.659 лица или 31,76 отсто, во општина Гостивар 28,22 проценти или 23.363 гласачи, во Маврово – Ростуше 28,04 проценти или 2.965 лица, додека во општина Центар Жупа 13,18 проценти или гласале 997 избирачи, истакна на прес-конференцијата портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.

Како што истакна таа, споредено со изборите во 2025 година зголемување на одѕивот се бележи во Врапчиште и тоа за 7,35 проценти, а намалување има во Гостивар за 4,16 проценти, во Маврово и Ростуше 0,54 проценти и Центар Жупа каде е регистрирано намалување од 8,12 проценти

Поради задоцнето отворање ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.

На избирачкото место 0782 немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.

Гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое сѐ уште не е отворено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ