„Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1.256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 16:00 часот гласале 380 гласачи. Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 16:00 часот гласале 78 гласачи“, соопшти ДИК.
Во вториот круг од локалните избори 2025 утре се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.
Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.






