Најголема излезност е забележана во општина Врапчиште, каде до 15 часот гласале 5.730 гласачи, односно 21,01 отсто. Во Гостивар своето избирачко право го искористиле 14.770 гласачи, што е 17,85 отсто. Во Центар Жупа гласале 831 гласач, односно 10,99 отсто, додека во Маврово и Ростуше гласале 1.967 гласачи, што претставува 18,60 отсто.
Во споредба со гласањето на 19 октомври 2025 година, до 15 часот се забележуваат разлики во излезноста по општини. Во Врапчиште излезноста е зголемена за 6,47 отсто, додека во Гостивар е намалена за 3,01 отсто. Намалување е евидентирано и во Центар Жупа за 6,13 отсто, како и во Маврово и Ростуше за 1,54 отсто.






