недела, 11 јануари 2026

ДИК: До 11 часот одѕивот во 4-те општини е 3,32%

 

Од вкупно запишаните 128.286 гласачи на 215 избирачки места од општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник на општина,  до 11 часот гласале 3.553 гласачи или 3,32 отсто, информираат од Државната изборна комисија.

Објавено на

часот

Сподели

Во Врапшиште до 11 часот гласале 834 гласачи, односно 3,02 %, во Гостивар гласале 1.937 гласачи, односно 3,14 %, во Центар Жупа, гласале 168 гласачи, односно 2,22 %, Маврово и Ростуше, гласале 624 гласачи, односно 5,90 %.

Во споредба со гласањето на 19 октомври  2025, до 11 часот, на овие повторени избори се забележува разликата во однос на излезеноста во овие општини и тоа: во Врапшиште, зголемена е за 0,48_%, во Гостивар намалена е за 1,96 %, во Центар Жупа, намалена е за 2.61 % и Маврово и Ростуше, намалена за 5,82 %.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ