„Вкупно 8.848 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори. Со почеток во 7 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор. 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа. Гласањeто денес почна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот“, соопшти ДИК.
Локални избори 2025
ДИК: Денеска гласаат болните, затворениците и немоќните
Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа, се вели во соопштението на Државната изборна комисија.

Објавено на
часот





