Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,5 проценти) и валутите и депозитите (9,3 проценти).
Како што изјави неодамна гувернерот Трајко Славески, девизните резерви се повисоки за околу 50 проценти во однос на 2019 година и се на комотно ниво коешто гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции, доколку се укаже потреба.
„Доколку се земе предвид дека девизните резерви треба да обезбедат покриеност на увозот од најмалку четири месеци, таа кај нас во моментов изнесува 4,6 месеци, што е над сите меѓународни стандарди“, рече Славески во телевизиско гостување.






