понеделник, 14 јули 2025

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани

Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата и ги повикуваат нивните блиски, роднини и пријатели, да се придружат. Протестот е со единствена цел да се добие правда за сите кои настрадаа во пожарот, за којшто, како што вели организаторот, не е несреќен случај, туку масовно убиство.

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од досегашните, овој протестен марш во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.

Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените во трагедијата и ги повикуваат нивните блиски, роднини и пријатели, да се придружат. Протестот е со единствена цел да се добие правда за сите кои настрадаа во пожарот, за којшто, како што вели организаторот, не е несреќен случај, туку масовно убиство.

Учесниците на маршот ќе тргнат од Паркот на револуцијата, ќе продолжат низ трговскиот центар, потоа пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Организаторите ги покануваат сите граѓани, кои даваат поддршка на нивните барања, да им се придружат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ