среда, 18 февруари 2026

Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

Деветмина нови амбасадори го минале „филтерот“ на Владата на денешната седница. Со тоа практично е започната процедурата за нивно назначување на новите функции, која продолжува во Собранието и претседателскиот кабинет.

Објавено на

часот

Сподели

Ексминистерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Според медиумските сознанија нова амбасадорка во Лондон ќе биде Илина Мангова, која зад себе има богата кариера во невладиниот сектор како дел од раководството на Меѓунароодниот републикански институт ИРИ.

Линда Салиеска Иљазоска е кандидатка за амбасадорка во Хаг. Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Бугарија. Габриел Атанасов ќе го менува Андреј Жерновски во Романија.

Веле Трпевски ќе биде амбасадор во Тирана (Албанија), во Токио (Јапонија) заминува Андријана Цветковиќ, Димитар Блажевски во Киев (Украина), Фадиљ Зендели во Копенхаген (Данска).

Согласно законот, сите 9 кандидати пред да станат амбасадори ќе треба своите планови да му ги претстават на Собранието во Комисијата за надворешна политика по што претседателката Сиљановска-Давкова ќе треба и официјално да ги испрати во дипломатска мисија.

Покрај деветмината амбасадори, Владата денеска одлучила да именува и две имиња за конзулатите во Мелбурн и Солун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ