Тој истакна дека нема да учествува во создавање поделби и „копање ровови“ во партијата, бидејќи тоа не носи корист ниту за СДСМ, ниту за државата.
„Оние што тоа го прават, без разлика на која функција се наоѓаат сега, ќе понесат одговорност за ова однесување“, додаде тој. На крајот, Деспотовски нагласи дека останува посветен на партијата.
Оваа објава доаѓа во период на внатрепартиски тензии во СДСМ, откако партијата го обвини Деспотовски дека работи во корист на интересите на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од раководството побара негово исклучување.
Претходно, СДСМ објави дека Деспотовски преминува во ЗНАМ, на што тој одговори: „Ова не е однесување на мојата матична партија. Ова е однесување на поединци кои моментално ја раководат, спротивно на нејзините вредности и традиција. Штетата не е лична – штетата е за целата партија. Ќе барам одговорност за секој што го валка мојот образ, но и за секој што ја навредува и валка СДСМ!“


![Despotovski pred starata zeleznicka stanica]](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2024/06/despotovski-pred-starata-zeleznicka-stanica.png)



