Од јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола соопштија дека интервенцијата почна во 7 часот утрово и ќе се одвива до завршување на интервенцијата.
„Фирмата изведувач, БВ инжинеринг-Битола го затвори регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената цевка Ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите во населените места Горно Оризари, Раштани, Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево, Мусинци и Далбеговци. Прекинот со водоснабдување ќе трае од 07:00 часот до завршување на работите“, нагласија од битолски „Водовод“.






