Програмата вклучи изведба на македонската и европската химна од страна на детскиот хор „Златно славејче“, театарска претстава, танцувачка сесија, настап на аниматори и три засебни тематски зони – цртање европски симболи, квиз за Европа и креативна работилница за сувенири
“Под мотото ‘Европа низ детските очи’, во Македонија се славеше мирот, единството и културната разноликост на начин прилагоден за најмладите“, соопштија од Националната агенција.
Креациите на децата ќе бидат изложени на „Ѕидот на Европа“ во просториите на Националната агенција.
„Настанот, кој имаше голема посетеност и позитивен одѕив и од млади и од возрасни, се истакна како најубавата прослава на Денот на Европа во цела Европа. Во Македонија, овој ден се доживува како значаен празник, често со поголема страст отколку во некои земји-членки на ЕУ“, се вели во соопштението на Националната агенција.