Овој судски процес трае веќе 10 месеци. Во своите завршни зборови обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска побараа судот да ги казни со доживотен затвор Палевски, Манев, Видевски и Кешишев, а на Ѓорчевски да му досуди затворска казна според закон.
Велибор Манев на досегашните рочишта во Кривичниот суд Скопје призна дека учествувал во двете злосторства. Учеството во злосторствата го призна и Влатко Кешишев.
Вања била грабната и убиена на 27 ноември 2023 година, а Панче Жежовски, на 22 ноември 2023.
Според Манев, намерата на бандата била да грабнуваат луѓе и за нив да бараат откуп. За грабнувањата Палевски на своите соработници и сопартијци (партија Десна) им ветил по 150.000 евра.