петок, 30 мај 2025
Време

Променливо облачно со повремени дождови, за викендот – стабилно

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне.

Објавено на

часот

Сподели

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 Целзиусови степени.

И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ