среда, 9 април 2025

Денеска во Кочани два граѓански протести за потрага по правдата

Два одделни граѓански протести се најавени за денеска во Кочани по трагедијата во дискотеката Пулс во која загинаа 60 луѓе, а околу 200 беа повредени.

 

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Под називот „Марш за ангелите“ во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција, е закажан протестен марш што го организираат семејствата на починатите во трагичниот пожар. Собирно место е во Паркот на Револуцијата, по што граѓаните ќе се упатат кон Трговскиот центар, а оттаму кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Во писменото известување за овој марш организаторите нагласуваат дека тој не е за лицата од обезбедувањето во дискотеката кои се наоѓаат во притвор и граѓаните кои не го прифаќаат таквото укажување не мора да се приклучуваат на протестот.

Другиот протестен марш под називот „Ваш профит – наши животи“ е закажан за во 15 часот и 59 минути и ќе има слична маршрута до институциите како и претходниот. Притоа, во најавата што беше објавена на социјалните мрежи, не е наведено кој го организира. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ