вторник, 3 март 2026

Денеска – сончево со мала облачност, температури до 20 степени

Минималните температури утрово во земјава се движеа од 0 до 6 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Најстудено беше во Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, Битола, Струмица, Демир Капија и Претор со измерени 0 степени. Еден степен е измерен во Гевгелија и Охрид, 3 во Скопје-Петровец, Велес, Прилеп, Крива Паланка, Кавадарци и Штип, 4 во Тетово и Крушево, 5 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, додека 6 степени се измерени во Виница, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

На Попова Шапка е измерена снежна покривка од 74 сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 19 степени

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ