За заменик-министер за одбрана е предложен Адмир Шабани, долгогодишен портпарол на државната изборна комисија, а за образование – Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на Вреди. Ова е втора кадровска промена годинава, по пополнувањето на позициите што му припаѓаа на Изет Меџити со Беким Сали и Мухамед Хоџа.
Поради внатрешните превирања во Вреди и спојувањето во една партија, албанскиот владин партнер веројатно ќе има смени и во пролетната реконструкција на владата. Касами побара смена на Лимани.






