На дневен ред се предлог законите за ратификација на Листата за измена на специфични обврски и дисциплини за домашна регулатива во услугите и на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Македонија) и Прешево (Србија).
Пред пратенииците се и дополнетите предлог закони за изменување и дополнување на Законот за дивечот и ловството, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, на Законот за средното образование, во второ читање, како и предлог законите за изменување на Законот за приватните агенции за вработување, на Законот за волонтерството, на Законот за младински додаток, исто така во второ читање.
Дел од предложениот дневен ред се и предлог законот за инспекциски надзор, по скратена постапка, како и Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2024.