понеделник, 22 декември 2025

Денеска рочиште против поранешната претседателка на ДКСК Димитровска

За денеска е закажано рочиштето на кое ќе ѝ се суди на поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска. Постапките против обвинетите во случајот Адитив судечкиот совет реши да ги одвои. Второобвинет во овој случај е Небојша Стојановиќ.

Објавено на

часот

Сподели

За одбраната на Димитровска во овој случај нема никакво кривично дело затоа што од ДКСК имале потврда дека информациите кои наводно ги оддала не се службена тајна. За обвинението за „компјутерски фалсификат“, нејзиниот адвокатот изјави дека нема елементи на кривично дело бидејќи се работи за тест кој не е формално задолжителен за добивање на сертификат за државна тајна.

Обвинителството останува на ставот дека има докази за кривично гонење, но своите аргументи ќе ги презентира во судница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ