„Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник“, стои во објавата на Јаневска.
Министерката минатата недела изјави дека според изјавите од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје нема да има пречки за да почне новата учебна година, поради ситуацијата со грипот.
Апелираше до родителите, до учениците, да бидат редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат затоа што сите испитувања и во Македонија и секаде во светот велат дека учениците што редовни ги посетуваат училиштата постигнуваат подобри резултати.






