Советот на јавните обвинители на 28-та седница одржана на 30 септември, донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи поради локалните избори. До изборот на нов претседател согласно одлуката со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими.
На дневен ред на 32. седница се и донесување одлука за престанок на функција јавен обвинител по сопствено барање и формирање на комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за 2025 – 2028, стои во соопштението објавено на веб страницата на Советот на јавни обвинители.






