сабота, 20 декември 2025
Време

Денеска облачно, од утре пак дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 14 до 24 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Од утре попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ