среда, 28 мај 2025

Денеска нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Во 12:05 часот за денеска во Кочани најавен е нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Протестот ќе тргне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

На последниот протест семејствата на настраданите искажаа незадоволство од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија.

На 16 март во дискотеката „Пулс“, по големиот пожар предизвикан од распркувачки средства, загинаа 62 лица, а 193 беа повредени.

Досега со истрагата опфатени се повеќе од 60 физички и три правни лица меѓу кои поранешни министри за економија, актуелни и поранешни градоначалници на Кочани, поранешни директори на пазарниот инспекторат полициски службеници, актуелни и поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување….

Во истрагата се вклучени 13 обвинители, а државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски не ја исклучува можноста да бидат приведени уште лица до завршување на истрагата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ