Во Гевгелија, Кавадарци и Велес се измерени 35, во Демир Капија – 34 , во Штип и Виница 33, во Струмица 32, во Тетово 31, во Крива Паланка и Прилеп 30, во Битола и Берово 29, во Охрид 26, во Маврови Анови и Крушево 24, во Претор 23, додека во Лазарополе и на попова Шапка 21 степен.
Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Од пладне облачноста се зголемуваше и во јужните делови имаше локални врнежи од дожд. Доцна попладнево во крајните југоисточни планински региони имаше појава на пороен дожд и грмежи. Дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Во Пелагонија ветерот достигнуваше брзина до 50, а долж Повардарието до 70 километри на час.
До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно, наместа ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Во скопската котлина во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и со услови за краткотрајно невреме.
Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 28 степени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно време, а на почетокот на следната недела во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.






