И во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.