недела, 14 декември 2025

Денеска ќе се освети новата црква „Св. Елена и Константин“ во центарот на Скопје

Денеска 8,30 часот во центарот на Скопје ќе биде осветена црквата „Свети рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ на улица Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

По 13 години, заврши изградбата на црквата.

„По повод осветувањето на храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена, со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан“, порачуваат од МПЦ.

Осветувањето ќе го изврши Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од нашата света Црква. Поканети се државниот врв, дипломатскиот кор, стопанствениците, претставниците на локалната самоуправа, медиумите, како и сите верници што сакаат да присуствуваат на овој торжествен чин, соопштија од Скопската епархија на МПЦ.

„Доаѓа денот. Утре се осветува уште еден храм. А сè што е големо се раѓа во тишина и расте преку страдања”, напиша вчера на својот фејсбук-профил премиерот Христијан Мицкоски. „Св. Елена и Константин” ново светилиште, нова сила, ново заедништво, стои во објавата на Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ