недела, 14 декември 2025

Денеска 12 пожари на отворен простор, 4 активни и 4 под контрола

Денеска до 18 часот на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор. Четири пожари се активни, четири се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активни пожари се пријавени во Прилеп, во селото Радобил каде гори ниска вегетација и шума, Врапчиште, во селата Дебреште и Зубовце со зафатена ниска вегетација, Охрид, во селото Волино и Липково, во селото Оризари.

Четири пожари се ставени под контрола, меѓу кои се пожарот во повеќенаменското подрачје Јасен во општина Македонски Брод, каде горела мешана шума, во селото Корошишта, Општина Струга, со зафатена ниска вегетација и стрниште, на планината Кожуф, општина Гевгелија, каде се работи за приземен пожар и во селото Кондово, општина Сарај, со зафатена ниска вегетација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ