„Денеска со почеток во 17 часот, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење пред зградата на ССМ на улицата Мирче Ацев, лево по улицата Филип Втори Македонски, десно по улицата 11 Октомври, право по улицата Димитрие Чуповски, десно по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до Владата. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје“, се наведува во соопштението.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се движат учесниците на протестот.
Протестот е поради незадоволството за вредноста на минималната плата, која според барањата треба да е 600 евра.






