вторник, 10 февруари 2026
ССМ бара поголема минимална плата

Денес во 9 часот блокади пред Собрание, пратениците ќе одат пеш на работа

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска од 9 часот најави синдикална блокада на Собранието, со затворање на улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“, во знак на протест поради, како што велат, одолговлекувањето на пратениците околу зголемувањето на минималната плата и кратењето на функционерските привилегии. До зградата на Собранието пратениците ќе мора да одат пеш до своите работни места, бидејќи поради блокадите нивните автомобили ќе останат подалеку од законодавниот дом.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека секој месец без законска интервенција ги чини работничките семејства околу 9.500 денари, колку што, според синдикалните пресметки, пораснала минималната потрошувачка кошница. Од ССМ повторно побараа намалување на пратеничките плати за 80 проценти и укинување на нивното автоматско усогласување со просечната плата.

Од Собранието порачаа дека протестите се легитимни, но дека не смее да се попречува работата на пратениците. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека потребно е „нивелирање“ на платите според функциите и одговорностите, без директно да се изјасни за барањата за минималната плата.

ССМ најави дека блокадите ќе продолжат сè додека не се отвори собраниска расправа за минималната плата, посочувајќи дека додека дел од администрацијата веќе обезбедува раст на платите преку интерни договори, основната плата од која зависат илјадници работници останува без политичка одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ