недела, 5 април 2026

Денес дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени поради трки

Во Скопје денеска ќе се одржат две спортски трки, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Со почеток во 07:00 часот ќе се одржи планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на дел од патната мрежа.

Сообраќајот ќе биде привремено затворан во три временски интервали од по пет минути — од 07:00 до 07:05 часот, од 08:00 до 08:05 часот и од 09:00 до 09:05 часот.

Трката ќе започне и ќе заврши во комплексот Македонско село, а трасата ќе се движи по дел од јавниот пат кон селото Горно Нерези (кај џамијата), по што ќе продолжи по планински патеки.

Со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи и улична трка во организација на Сојуз на спортови на Скопје.

Трасата почнува од булеварот „Илинден“, кај фонтаната „Лотус“, продолжува до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“, каде што учесниците ќе се вртат полукружно и ќе се враќаат назад до стартната позиција.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот, при што возилата ќе бидат пренасочувани по околните сообраќајници.

Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на локациите каде што ќе се одвива настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ