недела, 21 декември 2025

Демонтиран стариот радар на скопскиот аеродром

М-НАВ инфомира дека денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот aеродром Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Работите биле реализирани во период со магла и намалена видливост, кој бил оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај, информираат од акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај М-НАВ.

Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ